Мејкап артистка со ампутирани екстремитети прави туторијали за шминкање
Палома Лопез е мејкап артистка од Аргентина која прави туторијали за шминкање. Оваа девојка е вистинска инспирација бидејќи кога имала само две години, ѝ биле ампутирани сите екстремитети. 20-годишната Палома вели дека ампутацијата секако имала влијание врз неа, но денес не го дозволува тоа. Таа без проблем вежба и плива, а отсекогаш ја сакала шминката. Кога почна пандемијата, таа решила да почне да објавува туторијали за шминкање, кои набрзо станале вистински хит. Погледнете го видеото и дознајте повеќе за оваа неверојатна девојка.