Патување до центарот на планетата - на која длабочина се наоѓа јадрото на Земјата?
Сте се запрашале ли колку слоеви има нашата планета? А, знаете ли што се наоѓа веднаш под земјината кора? Нашата планета има неколку слоеви, а во нејзиниот центар се наоѓа јадро, кое сè уште не го видел никој. Ова значи дека сè што знаеме за земјиното јадро, се всушност претпоставки. Земјината кора, пак, нам ни се чини дебела, но таа зафаќа само 1% од волуменот на планетата. Ова видео е навистина забавно патување до центарот, односно до јадрото на нашата планета. За време на „патувањето“ ќе дознаете и за сите слоеви на планетата, но и за сè што се наоѓа под земја – од тунели, до рудници и подземни хотели.