Како изгледала последната година од животот на Чедвик Боузман?
На 28-ми август почина актерот Чедвик Боузман, после 4-годишна битка со рак на дебелото црево. Актерот имаше само 43 години, а она што најмногу ја шокира јавноста е тоа што Чедвик успешно ја криел неговата болест уште од 2016-та. Боузман дипломирал на универзитетот Howard, а посетувал и предавања за глума на Оксфорд. После многу телевизиски улоги, во 2013-та тој успеа да се прослави со главната улога во филмот „42“. Кога, пак, ја доби улогата на Црниот пантер, целиот свет дозна за него. За жал, во 2016-та актерот бил дијагностициран со рак на дебелото црево, но не се откажал, и тој период ги сними неговите најдобри филмови. Во ова видео, пак, можете да погледнете како изгледала последната година од неговиот живот.