Што ќе се случи ако пиете премногу вода?
Постојано слушаме дека треба да пиеме многу вода, но знаевте ли дека можете да претерате и со неа? Како за сè останато, морате да бидете умерени и со пиењето вода, но сигурно се прашувате што може да се случи ако испиете премногу. Ако внесете повеќе вода отколку што организмот може да поднесе, голема е веројатноста да почнете да повраќате. Бидејќи организмот не може да ја „преработи“ целата вода што сте ја испиле, ќе почнете да чувствувате мачнина и нагон за повраќање…