Мистериозни статуи, урнатини од градови - најчудните нешта што биле најдени под вода
Човештвото има стапнато на Месечината, има испратено летала надвор од Сончевиот систем, па дури и прави планови за колонизација на Марс. Но, и покрај овие достигнувања, сè уште не знаеме што сè има на нашата планета, особено во океаните. Знаевте ли дека досега се истражени само околу 5% од океаните, и сме имале повеќе мисии со екипаж во вселената отколку во длабочините на океанот. А, од само овие 5%, сме откриле навистина чудни нешта. Од статуи и урнатини од градови, па сè до мистериозни аномалии, погледнете кои се најчудните нешта што биле најдени под вода.