Погледнете го новиот спот на Бијонсе за „Brown Skin Girl“ во кој се појавува и Блу Ајви



Во понеделникот, Бијонсе го објави спотот за песната „Brown Skin Girl“, која е дел од визуелниот албум „Black Is King“. Покрај големите имиња како Кели Роланд, Наоми Кемпбел и Лупита Нионго, во спотот се појавува и нејзината најстара ќерка – Блу Ајви. Уште поинтересно е што Блу Ајви е и еден од придружните вокали во песната. Целиот албум на Бијонсе има една порака – секој да го истражи, но и да го прифати своето потекло, бидејќи тоа е важен дел од него. Во другите спотови кои се дел од албумот се појавува и нејзиниот сопруг Џеј Зи, но и мајка ѝ и другите две деца. Пејачката изјави дека во спотот за „Brown Skin Girl“ најважно ѝ било да се претстават луѓе со темна кожа и со различно потекло, бидејќи треба да се слават сите.

The HWD Facebook commenting plugin is not published