Булимија, обид за самоубиство - работи што ги дознавме за Дијана после нејзината смрт



Во август 1997-ма, Дијана трагично го загуби животот во сообраќајка во Париз. Јавноста знаеше многу за животот на принцезата, но некои од најморничавите факти излегоа на виделина дури после нејзината смрт. Во 2004-та беше објавен контроверзен документарец за нејзиниот живот, во кој Дијана споделува дотогаш нечуени работи за неа. Покрај фактот дека имала многу несреќно детство, тогаш јавноста дозна и дека таа страдала од булимија, па дури и дека се обидела да изврши самоубиство.

The HWD Facebook commenting plugin is not published