Клои Кардашијан и Тристан Томпсон - славни парови кои се разделија веднаш откако добија дете



Обично кога некој пар одлучува да го прошири семејството, нивната врска е колку-толку стабилна. Сепак, штом сте одлучиле да имате дете со некого, веројатно нештата помеѓу вас се добри. Но ова не важи во сите случаи. Многу славни парови се разделиле, и тоа веднаш откако добиле дете. На пример, познатиот рапер Шон Комбс, односно Puff Daddy, се раздели од девојката Ким Портер само неколку месеци откако ги добија близнаците. Тие беа заедно повеќе од една деценија, но раперот ја изневерил Ким, па таа решила да го напушти.

The HWD Facebook commenting plugin is not published