Гладување, јадење само овошје - најлудите диети на славните
Добро познат факт е дека славните одат до екстреми, само за да го добијат телото од соништата. Иако имаат цел тим готвачи кои можат да им приготвуваат здрава храна, некои од нив држат строги диети, кои можат да бидат и опасни по здравјето. На пример, многу славни ја пробале таканаречената фрутаријанска исхрана. Овој начин на исхрана ви забранува да јадете буквално сè, освен овошје. Сигурно веднаш ви станува јасно колку штетно може да биде тоа. Погледнете го видеото и дознајте кои се најлудите диети на славните.