Ај Кју и Тони Зен ја преработија безвремената „Песна за Скопје (Градот Убав)“
Легендарната песна за Скопје на маестро Алаксандар Џамбазов и Бошко Смаќоски доживеа нова и свежа верзија од актуелните Ај Кју и Тони Зен. Тие ги споија енергиите на оваа песна со надополнет и изменет текст, и во еден сосема нов аранжман ѝ вдахнаа нов живот. Годинава за еден многу убав повод, оваа песна е дел од фестивалот „Skopje Light Art District”, кој во моментов се оддржува под мотото „Градот зелен пак ќе никне“. Аранжманот го изработи Бојан Трајковски, а текстот го надополни Тони Зен. Песната е снимена во студиото „Подрумот“ за која микс и мастер изработи Ангел Ќосев. За оваа песна веќе се изготвува и видео запис со содржини од фестивалот на светлината “Skopje Light Art District”.