Храна што најмногу ги пожолтува забите
Голем број луѓе имаат проблем со пожолтени заби, без разлика што обрнуваат многу внимание на оралната хигиена. Важно е да знаете дека кај некои луѓе, забите се природно пожолти, но некогаш и храната има влијание врз ова. Па тогаш, која храна најмногу ги пожолтува забите? Веројатно знаете дека кафето и темните чаеви го имаат овој ефект, но покрај нив, и тестенините и киселите краставички можат да ги направат забите пожолти.