„Ме малтретираше на училиште“ - Дали Хејли Бибер е ужасна личност?
Многу луѓе тврдат дека Хејли Бибер е всушност многу лоша личност, особено откако една девојка ја „издаде“ на TikTok. За еден предизвик на социјалната мрежа, корисниците споделуваат трауматично искуство од нивното минато, кое сметаат дека ги направило посилни личности. Предизвикот го прифатила и една девојка, која сподели дека Хејли Бибер ја малтретирала во основно. Имено, според девојката, ова се случувало кога Хејли била шесто, а таа петто одделение. Но, ова не е првпат некој да сподели ваква или слична приказна за Хејли…