И тие се чувствуваат несигурно - работи што мажите сакаат да ги знаете за нив
Неретко проблемите во врските настануваат поради недоразбирања. И мажите и жените си прават претпоставки за партнерот, без да го земат предвид неговиот начин на размислување. За да ги избегнете повеќето проблеми во врската, треба само да знаете малку повеќе за мажите. На пример, и мажите често се чувствуваат несигурно, па потребен им е поттик од нивната партнерка. Истовремено, и тие можат да бидат добри слушатели, а вашиот партнер сигурно го интересираат вашите проблеми и грижи.