Мила Кунис, Бредли Купер - славни кои не сакаат да користат социјални мрежи
Ако сте како повеќето, тогаш сигурно не можете да си го замислите животот без Facebook, Instagram или некоја друга социјална мрежа. За славните, пак, социјалните мрежи се одлична платформа за промовирање, но и начин да им се доближат на своите фанови. Сепак, од разни причини, некои од нив одбиваат да користат социјални мрежи. Од Мила Кунис и Џенифер Лоренс, па сè до Бредли Купер, погледнете кои се славните кои нема да ги најдете на социјалните мрежи.