Помалку домашни, повеќе размислување - како Илон Маск сака да го промени образованието?
Основачот на Tesla и SpaceX изгледа дава сè од себе за да го направи светот подобро место на живеење. После електричните автомобили и приватните ракети, сега Илон сака да му обрне внимание и на образованието, и тоа не само во САД, туку во целиот свет. Илон планира да отвори негово училиште, каде што главното мото ќе биде „Помалку домашни, повеќе размислување“. Неговата е цел е да ги поправи недостатоците во сегашниот образовен систем и да им помогне на децата да научат да размислуваат. Погледнете го видеото и дознајте како Илон планира да го промени образованието.