Готвење, шопинг, трчање - кои активности согоруваат најмногу калории?
Знаевте ли дека нашето тело согорува калории дури и додека спиеме? Сепак, калориите се како гориво за нашиот организам и дури и да не сте физички активни, телото ќе „потроши“ дел од нив. Сигурно досега знаете дека ако сакате да ослабите, во текот на денот треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате. Но, кои активности и вежби се најефикасни за ова? Телото согорува калории и дури гледате телевизија, но ако гледате телевизија седнати на топка за пилатес, значително ќе го зголемите овој број…