Како да ја препознаете депресијата кај саканите?
Депресијата е многу распространет проблем, но поради стигмата што ја опкружува, повеќето луѓе се обидуваат да ја скријат. Но ако не се третира, депресијата може да се влоши, па дури и да води до самоубиство. Затоа, би требало да знаете како можете да ја препознаете кај вашите сакани. Личноста со депресија најверојатно нема да ви каже како се чувствува, но постојат некои промени во нејзиното однесување што ќе ја „издадат“. Не значи дека овие промени во однесувањето се сигурен знак за депресија, но доколку ги забележите, обидете се да поразговарате со личноста и, пред сè, покажете дека нема ѝ судите.