Сè што треба да знаете за малиот црн фустан, според уредникот на американскиот Vogue
Малиот црн фустан дефинитивно заслужува да биде наречен безвремено парче облека. Денес речиси и да нема жена која не купила барем еден ваков фустан, и тоа со добра причина. Без разлика какво тело имате, без разлика на вашата возраст, со ова парче облека секогаш ќе изгледате беспрекорно и женствено. Во ова видео Хамиш Боулс, уредникот на американскиот Vogue, зборува за малиот црн фустан и сè што треба да знаете за него.