Кој е вистинскиот татко на Клои Кардашијан?
Бидејќи семејството Кардашијан-Џенер е едно од најпознатите во светот, нормално е одвреме-навреме да слушаме секакви гласини за нив. Повеќето од нив се лажни, но некои звучат толку уверливо, што се зборуваат со години. Овде спаѓаат и гласините за вистинскиот татко на Клои Кардашијан. Според мајка ѝ, Крис Џенер, првите четири деца, вклучувајќи ја и Клои, имаат ист татко – Роберт Кардашијан. Но многу фанови не веруваат во ова, најмногу бидејќи Клои воопшто не личи на нејзините сестри, а и сите знаат дека бракот на Крис и Роберт заврши поради неверство…