Колку се променила облеката за бебиња изминативе 100 години?
Ретко се зборува за бебешката мода најмногу бидејќи бебиња брзо ја надраснуваат облеката, па родителите не сакаат залудно да даваат многу пари за трендови. Сепак, како што еволуира „обичната“ мода, истото се случува и со облеката за деца. На пример, во 1920-тите бебињата најчесто ги облекувале со широка облека направена од памук или волна, бидејќи овие материјали биле најевтини и издржливи. Бебешката облека од тој период всушност наликува на фустан и неретко ја украсувале со чипка...