Google има пристап до сите ваши мејлови - експерт ги побива најпознатите митови за сајбер безбедност
Интернетот веќе е дел од нашето секојдневие, па затоа е важно да знаеме како можеме да ги заштитиме нашите податоци. Факт е дека многу луѓе не знаат речиси ништо за сајбер безбедноста, а токму поради тоа постојат секакви митови за неа. Дали и кој може да ве шпионира преку камерата на вашиот лаптоп? Дали Google има пристап до сите ваши мејлови? Дали „силната“ лозинка може да ги заштити вашите податоци од хакери? Постојат безброј прашања на оваа тема, па затоа експертот за сајбер безбедност Ева Галперн решила да направи видео во кое кажува што е точно, а што е само мит. Погледне го видеото и дознајте како да останете безбедни додека користите интернет.