Како најлесно да го преживеете топлотниот бран?
Можеби сите му се радуваме на летото, но со оваа сезона неизбежни се и топлотните бранови. Барем неколку денови секое лето мораме да трпиме екстремно високи температури, а ова може да биде навистина заморно. За среќа, постојат некои трикови и совети што ќе ви го олеснат животот во овој период. Во топлите денови ладното пиво изгледа многу примамливо, но кога температурата надвор се доближува до 40 степени, алкохолот може да ви направи повеќе штета отколку да ве разлади.