Заебанција вредна 1 мил. долари

Навивач на Лејкерси сигурно зажали што на Денот на благодарноста појде да го следи дуелот помеѓу Јута и Чикаго затоа што стана предмет за потсмев на многубројната публика, а и на целата нација. Несреќниот тип наседна на веќе виден, но одличен скеч. На полувремето на натпреварот од НБА лигата момчето беше изведен на терен за да има можност да освои милион долари ако го погоди кошот од центарот на игралиштето со заврзани очи. Секако пред тоа навивачите добија инструкции дека мораат да бидат одушевени откако ?топката ќе влезе во кошот?, а новопечениот милионер секако не можеше да ја сокрие среќата која ја сподели и со славниот Реџи Милер кој го зафркава.

The HWD Facebook commenting plugin is not published