Каков ефект имаат маските против корона вирусот и зошто треба да ги носите?
Вирусите како корона вирусот се пренесуваат преку аеросолни капки кои се исфрлаат преку зборување, кашлање или кивање и летаат во воздухот. Тие се многу мали и лесно може да стигнат до устата и носот на соговорниците доколку сте на дистанца помала од 2 метри, но кога носите маска, овие капки може да се заглават и да не преминат во вашите уста или нос.
Кои маски се најдобри? Дали користите марама, N95 маска или маска од ткаенина, сите имаат подобар ефект отколку да не носите ништо, но искчуливо ако ги носите правилно и целосно ви се покриени устата и носот.
Во видеото погледнете што се случува кога не носите маска и кога носите некој од различните типови на маски. Со ова научно видео ќе сфатите дека доколку сите почнат да ги носат правилно маските, ширењето на вирусот ќе биде многу помало.