Како да ја привлечете личноста што ви се допаѓа за само 60 секунди?
Истражувањата покажале дека ние, луѓето, одлучуваме дали ни се допаѓа некоја личност за помалку од една минута. Ова значи дека имате само 60 секунди за да оставите добар впечаток кај личноста што ви се допаѓа. Можеби звучи невозможно, но постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да го направите тоа. Најпрво, осигурете се дека изгледате како личност со самодоверба. На луѓето секогаш им се допаѓаат личности кои веруваат во себе и тие веднаш оставаат позитивен впечаток. Истовремено, обидете се да изгледате како оптимист – пријдете ѝ на личноста со насмевка, кажете некоја шега…