Креаторката била инспирирана од кукла за возрасни - факти за Барби што сигурно не сте ги знаеле
Во детството сигурно сте имале барем една Барби кукла, а ако имате ќерка, најверојатно сте ѝ купила ваква играчка. Барби куклата постои веќе неколку децении, а нејзината популарност никако не се намалува. Креаторката на куклата е Рут Хендлер, а го одбрала името Барби бидејќи нејзината ќерка се вика Барбара. Интересно е што Барби е инспирирана од кукла за возрасни, направена според лик од стрип. А, овој стрип воопшто не бил наменет за деца. Рут сакала да направи играчка за деца која нема да претставува бебе или дете, па кога ја видела куклата за возрасни, веднаш ја добила идејата за Барби.