7-минутна рутина за вежбање со која ќе ги отстраните мастите од стомакот
Еден од најтешките делови на телото за обликување се стомачните мускули. Проблемот е што во овој предел многу лесно се таложат масти, па само малку да се „опуштите“ и веднаш ќе пуштите стомак. Обично луѓето се обидуваат да ги отстранат масните наслаги со вежби за стомачни мускули, но со ова нема да направите многу – вежбите за стомачни само ги зајакнуваат мускулите и не согоруваат масти. Кога станува збор за масти, кардио вежбите се многу подобри и многу поефикасни. Ова видео ви нуди 7-минутна рутина за вежбање која се фокусира на салото на стомакот, а најдобро од сè е што не ви треба никаква опрема.