Зошто вените се сини, а не црвени? Најчудните факти за човечкото тело
Сте се запрашале ли зошто нашите вени се сини, а не црвени како крвта? А знаете ли колку атоми има во едно човечко тело? Знаевте ли дека морниците сме ги наследиле од нашите предци? Пред многу години, кога сме изгледале многу поразлично и сме имале повеќе влакна, кај луѓето соочени со опасност почнувал да се лачи адреналин. Истото се случува и денес. Но тогаш, адреналинот им ги правел влакната накострешени, за да изгледаат поголемо и пострашно пред непријателот. Ова накострешување го чувствуваме и денес, во форма на морници.