Лејди Гага и фустанот од месо - најлошите обиди на славните да привлечат внимание
Само затоа што се веќе познати, не значи дека славните не прават секакви работи за да привлечат уште повеќе внимание. Некои добиваат навистина добри идеи, но постојат и оние кои се обидуваат да привлечат внимание на најбизарните начини. Се сеќавате на фустанот од месо на Лејди Гага? А, се сеќавате кога Шија Лабаф дојде на црвениот тепих со хартиена кеса на главата? Од настапот на Мајли Сајрус и Робин Тик, па сè до врската на Тејлор Свифт и Хари Стајлс, погледнете ги најлошите обиди на славните да привлечат внимание.