Дишете длабоко, научете нешто ново - едноставни начини да си го разубавите денот
Само затоа што денот ви започнал лошо, не значи дека не можете да го направите поубав. Всушност, не ни треба да правите којзнае што за да си го разубавите денот. Постојат толку многу ситници што не одземаат време, а што веднаш ќе ви го подобрат расположението. На пример, ако се чувствувате лошо, за да си ги оттргнете мислите научете нешто ново. Прочитајте нешто од енциклопедија, изгледајте едукативно видео, пребарајте на Google факти за тема што ви е непозната… За само неколку минути новите информации ќе го привлечат целото ваше внимание и веднаш ќе се чувствувате многу подобро.