Брзање, споредување со другите: Кои навики ја „убиваат“ вашата мотивација?
Понекогаш е навистина тешко да се мотивирате да направите нешто, но знаевте ли дека причината за ова можат да бидат некои ваши навики? Начинот на којшто се однесувате и размислувате има големо влијание врз мотивацијата, па не е ни чудно што одредени навики само ве демотивираат. Една од нив е постојаното споредување со другите. Нормално е да имате идоли од кои ќе црпите инспирација, но никогаш немојте да се споредувате. Бидејќи, секогаш ќе најдете личност што е подобра, попаметна или поубава од вас, а ова сигурно ќе ви ја „убие“ мотивацијата. Учете од поискусните и слушајте ги нивните совети, но никогаш не го споредувајте вашиот пат до целта со нивниот…