Не го консумирајте пред спиење - 8 правила што треба да ги следите кога употребувате јаболков оцет
Јаболковиот оцет не е добар само за салати и можете да го користите за безброј работи - од „помагало“ за слабеење, па сè до нега на вашата кожа. Но, постојат неколку правила до кои треба да се придржувате кога го користите овој оцет. Најпрво, немојте никогаш да пиете само јаболков оцет. Бидејќи сепак станува збор за киселина, подобро мешајте го со вода или друга течност. Истовремено, немојте да пиете јаболков оцет веднаш пред спиење. Овој оцет може да предизвика непријатно чувство на горење во грлото што нема да ви дозволи да заспиете.