Проблеми со несоница, лошо влијание од неговите улоги - тажни детали од животот на Хит Леџер



Хит Леџер важеше за еден од најдобрите актери во Холивуд, но неговиот живот згасна прерано. Австралискиот актер бил добар спортист, но решил да му се посвети на актерството, па првата улога ја добил на само 10 години. Потоа тој заминал во Сиднеј со цел да си ја исполни желбата да стане актер, а не поминало многу време пред да успее и во Холивуд. Неговата филмска кариера беше кратка, но зад себе Хит остави неколку одлични филмови. Додека актерот беше жив се појавија гласини дека имал сериозни проблеми со несоница. Овие вести беа потврдени по неговата смрт и наводно, актерот спиел по едвај два часа секоја вечер. Тoј сметал дека делумно, проблемот се појавил поради неколку негови улоги кои имале навистина лошо влијание врз него.

The HWD Facebook commenting plugin is not published