Како изгледала последната година од животот на Курт Кобејн?
Пејачот и текстописецот на Nirvana, Курт Кобејн, тешко се справуваше со славата и целиот притисок што доаѓа со неа. За жал, повеќе не можел да издржи, па во април 1994-та, тој си го одзеде животот. Но проблемите на Курт почнале многу порано. Во 1992-ра, во Vanity Fair беше објавен текст кој детално ја опишуваше врската на Курт и Кортни Лав, вклучувајќи го и нивното користење дрога. Од текстот беше очигледно дека Кортни користела хероин додека била бремена, па кратко по објавата на текстот властите привремено им го земале детето. Во март 1993-та на властите им се чинело дека ситуацијата во нивниот дом е подобрена, па парот можел да се грижи за нивната ќерка. Но, мирниот период траел само шест недели…