Колку се промениле костимите за капење изминативе 100 години?
Кога одиме на плажа и сакаме да се сончаме, неретко одбираме костим за капење што открива многу кожа. Но, жените ја немале оваа слобода отсекогаш. Низ историјата, костимите за капење се промениле многу. Првиот дводелен костим за капење бил направен во 1913-та, а првото бикини било направено дури во 1940-тите. Најпрвите костими за капење, пак, се појавиле во 1855-та и го покривале речиси секој дел од телото. Тогаш било особено важно жените да не покажуваат делови од нивното тело, без разлика дали се на плажа или на улица. Погледнете го видеото и дознајте колку се промениле костимите за капење изминативе 100 години.