Кларинетистот Благој Ламњов изведува македонска песна со шведската филхармонија
Благој Ламњов е македонски кларинетист кој моментално живее во Шведска. Музичкото образование го завршил во Македонија, Шведска и САД, а првата турнеја ја имал на само 13 години. Оттогаш, Благој има настапувано во повеќето европски држави, но и во Кина, Јапонија, САД и Канада. Во Шведска, тој има настапувано во речиси сите поголеми институции, а сега имате можност да го погледнете дел од неговиот настап со шведската филхармонија, каде што ја изведува македонската песна „Сербез Донка“. Неговиот неверојатен талент ќе го забележите и сами.