Дали на сите ни се потребни барем 7 часа сон? Експерт ги побива најпознатите митови за спиењето
Дали навистина треба да спиеме барем 7 часа секоја вечер? Дали сите луѓе спијат со затворени очи? Дали можеме да надополниме за пропуштениот сон? Спиењето е неопходно за сите луѓе, но малкумина ја сфаќаат неговата важност. Истовремено, за спиењето постојат толку многу митови, што понекогаш е тешко да откриете што е точно, а што не. Доктор Рави Ајсола е експерт за спиење и предава на универзитетот UCLA. Во ова видео тој зборува за најпознатите митови во врска со спиењето и објаснува кои од нив се лажни и зошто, а кои се вистинити.