Како да препознаете дали вашиот партнер има депресија?
Депресијата е еден најраспространетите проблеми со менталното здравје и може да има многу негативно влијание врз животот на една личност. Неретко, луѓето кои страдаат од депресија воопшто не се ни свесни што е проблемот, а поради тоа не бараат ни помош. Депресијата има влијание и врз однесувањето на личноста, а со тоа и врз односите и врските со другите. Ова значи дека ако вашиот партнер е раздразлив, многу често е со лошо расположение и слично, можеби проблемот не сте вие и вашата врска, туку неговата прикриена депресија. Затоа, погледнете го видеото и дознајте како да ја препознаете депресијата кај вашиот партнер.