Доцнење, проблеми со законот: Зошто никој во Холивуд не сака да соработува со Линдзи Лохан?
Пред неколку години, Линдзи Лохан беше најголемата ѕвезда од нејзината генерација – глумеше, танцуваше, пееше и беше присутна на сите забави. Но, изгледа овие забави си имале своја цена, па Линдзи како целосно да исчезна од филмската сцена. Веројатно сте се запрашале што точно се случило и зошто никој во Холивуд повеќе не сака да соработува со неа. Во 2016-та студиото Morgan Creek Productions ѝ испрати писмо на Линдзи во кое ѝ се заканува дека ќе ја тужи. Причината било нејзиното непрофесионално однесување на сетот на Georgia Rule.