Сцени од филмови и серии кои ги преплашиле актерите за време на снимање



Кога гледаме некоја вознемирувачка сцена на серија или филм, се тешиме со помислата дека сето тоа не е реално. Но за актерите снимањето на сцената може да толку реално, па дури и да ги исплаши и вознемири. Веројатно се сеќавате на серијата Breaking Bad, која беше вистински хит. Во една епизода, еден од ликовите умира од предозирање и сцената е навистина вознемирувачка за гледање. Брајан Кренстон, актерот кој го глуми главниот лик, има изјавено дека оваа сцена му била најтешка за снимање. Кога Брајан ја гледал актерката како глуми дека умира, се чувствувал како да ја гледа неговата ќерка, па му било потребно долго за да се смири после снимањето.

The HWD Facebook commenting plugin is not published