Зошто кралското семејство го предупредуваше Хари за Меган Маркл?



Веднаш откако светот дозна дека Меган Маркл ќе биде сопругата на принцот Хари, во јавноста почнаа да се шират гласини дека на кралското семејство не му се допаѓа ова. Од шпекулациите дека Меган и Кејт не се согласуваат, па сè до потенцијалните конфликти меѓу Хари и Вилијам, озборувањата никако не престануваа. Кога, пак, Хари и Меган одлучија да го напуштат кралскиот живот, јавноста уште повеќе се заинтересира за она што се случува зад затворени врати. Наводно, членовите на кралското семејство постојано го прашувале Хари дали е сигурен за Меган, а притоа ги нагласувале нивните разлики – Хари има кралско потекло, а Меган е актерка која доаѓа од сиромашно семејство.

The HWD Facebook commenting plugin is not published