Жена која сака да личи на Меланија Трамп, маж кој сака да личи на Супермен - најчудните пластични операции
Понекогаш сите посакуваме да изгледаме како некоја славна личност или како некој омилен лик. Но, повеќето од нас ја остваруваме оваа желба само за некој маскенбал. Некои луѓе, пак, одат дотаму што не само што се облекуваат и шминкаат како овие ликови и луѓе, туку прават и пластични операции за целосно да си го променат изгледот. Клаудија Сиера е жена која толку многу ја сака Меланија Трамп, што направила неколку пластични операции само за да личи на неа.