Заборавете на кафето после 2 попладне - како полесно да заспивате навечер?
Ако некој ви каже дека е доволно наспан, голема е веројатноста да лаже. Денес, недостатокот од сон е еден од најголемите проблеми со коишто се соочуваат луѓето, а сигурно и вие спаѓате овде. Најчесто проблемот е тоа што иако некои луѓе се обидуваат да си легнат порано, со часови се превртуваат во креветот пред да заспијат. Па, како да го решите ова? Најпрво мора да внимавате во кои делови од денот пиете кафе. Нема потреба да се откажувате од овој пијалак, но подобро престанете да го пиете после 2 часот попладне. Причината е тоа што кофеинот останува во организмот неколку часа, па ако пиете кафе подоцна, сигурно ќе имате проблеми со спиењето.