Како изгледа еден ден во животот на Џеф Безос?



Познат факт е дека познатите и успешните луѓе неретко имаат навистина чуден распоред и необични животни навики. Можеби токму тоа е и причината за нивниот успех. Па, сигурно ќе ве интересира што можете да научите од најбогатиот човек на планетата – Џеф Безос. Џеф ја основа Amazon во далечната 1994-та, и тоа од гаража во Сиетл. Денес тој е извршен директор на компанијата и поседува 11% од нејзините акции. Безос е и сопственик на Тhe Washington Post, но и на Blue Origin – компанија која развива ракети за комерцијална употреба. Од ова станува јасно дека неговиот дневен распоред е преполн, а во ова видео можете да погледнете како се справува со сите обврски и како изгледа еден ден од неговиот живот.

The HWD Facebook commenting plugin is not published