Како да им го зголемите волуменот на трепките на природен начин?
Трепките имаат големо влијание врз изгледот, а со тоа и врз самодовербата на секоја жена. Денес постојат безброј третмани во салоните за убавина кои ветуваат дека ќе ги направат вашите трепки погусти и побујни, но факт е дека многу жени немаат ниту време, ниту средства за тоа. За среќа, можете да им го подобрите изгледот на вашите трепки на природен начин, без да трошите многу пари. Најпрво, мора да почнете да водите подобра грижа за вашите трепки, така што пред спиење секогаш ќе ја отстранувате шминката од нив. Трепките се многу нежни и ако не ја отстранувате маскарата, сигурно ќе ги оштетите.