Визуелизација на богатството на Џеф Безос: Како изгледаат 143 милијарди долари?



Едно е да бидете богати, но сосем друго е да бидете богати како Џеф Безос. Основачот на Amazon има заработено повеќе пари од кој било во модерната историја – денес тој „тежи“ неверојатни 143 милијарди долари. Многумина сметаат дека никој човек не би требало да поседува толкаво богатство, а на повеќето луѓе им е тешко да замислат и да си претстават колку е голема оваа сума. Ако, на пример, имавте 143 милиони долари, и вие и вашите деца ќе бидете обезбедени за цел живот. Сега замислете си колку многу се 143 милијарди. Ова видео ќе ви помогне да сфатите колку всушност е богат Џеф Безос.

The HWD Facebook commenting plugin is not published