Бредли Купер и 8 познати личности кои лажеле за нивното здравје
Некои луѓе навистина ќе направат сè слава, па без проблем лажат за нивната здравствена состојба. Спонтан абортус, рак, алкохолизам – познатите ќе кажат сè само за да добијат малку внимание. Една од личностите која многу ја разгневи јавноста е инфлуенсерката Бел Гибсон. Наводно, на 20-годишна возраст Бел открила дека има тумор на мозокот, а лекарите ѝ рекле дека ѝ преостануваат само четири месеци живот. Бел бесрамно ги лажеше нејзините следбеници дека се излекувала без хемотерапија, туку само со алтернативна медицина, па дури лансира и апликација за здравје. Потоа изјави дека туморот се вратил, но набрзо фановите ја фатија во лага…