Matrix, Twilight - Најлошите секс сцени на сите времиња
Воопшто не е лесно да снимите секс сцена. Само замислете – треба да се преправате дека уживате со личност која едвај ја познавате, додека околу вас има цела филмска екипа. Токму поради ова, многу филмови имаат ужасни секс сцени. Една од најомразените е сцената со Едвард и Бела во филмот Twilight: Breaking Dawn. Фановите долго ја очекуваа секс сцената со главните ликови, но на крајот речиси сите беа разочарани. Можеби сцената почна романтично, но ситуацијата брзо ескалира и резултатот е повеќе вознемирувачки отколку секси…