Како изгледа животот во најгусто населените места на планетата?
Во просек, на Земјата живеат од 13 до 43 луѓе на километар квадратен. Според податоците од Обединетите Нации, густината на населеност во Македонија е околу 80 луѓе на километар квадратен. Но овој број е многу поголем во најгусто населените места на Земјата, па замислете си како изгледа животот таму. Пренаселеноста може да биде причина за проблеми како сиромаштија, недостаток од ресурси и загадување, но сепак ќе се изненадите кога ќе дознаете како навистина живеат луѓето на овие места.