Македонскиот бенд 2Be направи преработка на „Зошто отиде“ од Тоше Проески



Македонскиот бенд 2Be започна навистина интересен проект наречен The Backyard Session. За проектот, тие прават преработки на македонски и странски песни, кои ги снимаат во нивниот двор. Бендот го сочинуваат Тино Стојановски (клавир и гитара), Синиша Зукиќ (тапани) и Љупче Стојановски (вокал и гитара). Преработката на „Зошто отиде“ од Тоше Проески е трета од овој проект, а се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да слушнеме барем уште еден кавер од овие талентирани момци.

The HWD Facebook commenting plugin is not published